Во градската општа болница во Скопје, како последица од компликации од грип почина уште едно лице, кое како итен случај пред два дена било донесено во дежурната служба и примено на Одделот за интензивна нега.

Ова е пета жртва од грипот за неполн месец, а претходно четворицата починати имале хронични заболувања.
Инаку, како што соопштуваат од Центарот за јавно здравје, за само една недела регистрирани се нови 2 630 луѓе со симптоми на грип.
OhridNews











