На Клиниката за инфективни болести во Скопје, од компликации од грип почина 81-годишно лице јавува „Сител“.

Пациентот имал неколку хронични заболувања, а вирусот дополнително му ја влошил состојбата. Кај него, лабораториски бил потврден сезонки тип на грип.

Пред една седмица, на Клиниката за инфективни болести во Скопје, од сезонски грип почина 67- годишна жена, која била донесена со тешка клиничка слика и боледувала од повеќе болести.

Инаку, последните податоци,  бројот на пријавени случаи на заболувања слични на грип во Македонија има тренд на континуиран пораст.

OhridNews

извор: „Сител“