На инфективното одделение во Воената болница нема нови хоспитализирани и таму болнички се лекуваат само две лица со симптоми на грип.
На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани девет нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 32 деца со симптоми на грип (на возраст од шест месеци до пет години). Две деца се со потешка форма на пневмонија и се наоѓаат на кислородна поддршка.
На Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, во изминатото деноноќие се хоспитализирани три деца со полесна форма на пневмонија и таму во моментот се лекуваат 24 деца.