Најдобриот стрелец на Европското првенство со шест голови, Антоан Гризман е разочаран што во финалето против Португалија не постигнал гол и што не ја освои титулата.


„Можеби подоцна ќе бидам горд, но сега е важен тимот. Многу сум разочаран поради соиграчите. Сакав да им го донесам трофејот, но не постигнав гол во финалето и многу сум разочаран“, рекол Гризман, пренесува „Макфакс“.

Франција, во финалето на ЕП, загуби по продолженијата од Португалија со 1-0. Гризман, во регуларниот дел од натпреварот пропушти две добри шанси, во 10-та минута Руи Патрисио го одбрани неговиот удар, а во 66-та минута со глава шутираше крај голот.


„На ова првенство имавме некои неверојатни моменти, но во исто време го доживеавме и најтажниот. Во истовреме величенствено и окрутно. Мора да извлечеме поуки од овој пораз. Дадовме се од себе во финалето и не треба да ни биде жал. Горд сум на тимот, на сите играчи. Сега мора да се врартиме уште посилни“, дополнил Гризман.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид на Европското првенство имаше учинок од шест гола и две асистенции и мала утеха е освојувањето на „Златната копачка“.

OhridNews