ГРК Охрид двата натпревари од 3 коло од ЕХФ Европскиот Куп против литванскиот тим Драгунас Клаипеда ќе ги одигра дома. Натпреварите се закажани за 21 и 22 ноември, со почеток од 18 часот  во салата „Билјанини извори“.

Во третото коло ќе настапат 32 екипи од 24 земји. Првите натпревари ќе се играат на 21/22 ноември, а реваншите на 28/29 ноември. Победниците од 16-те двомечи ќе обезбедат пласман во осминафиналето, кое ќе се игра во февруари 2027 година.

ГРК Охрид пласманот во третото коло го обезбеди со две убедливи победи над турски Спор Тото во „Билјанини извори“ 36:24 и 38:22, односно со вкупни 74:46.

„Гладијаторите“ сезонава ја бранат европската круна освоена минатата сезона, кога во финалето двапати ја совладаа Татабања.

OhridNews