ГРК Охрид двата натпревари од 3 коло од ЕХФ Европскиот Куп против литванскиот тим Драгунас Клаипеда ќе ги одигра дома. Натпреварите се закажани за 21 и 22 ноември, со почеток од 18 часот во салата „Билјанини извори“.

ГРК Охрид пласманот во третото коло го обезбеди со две убедливи победи над турски Спор Тото во „Билјанини извори“ 36:24 и 38:22, односно со вкупни 74:46.
„Гладијаторите“ сезонава ја бранат европската круна освоена минатата сезона, кога во финалето двапати ја совладаа Татабања.
OhridNews










