На екипата на зимските подготовки кои се во тек, и се приклучи Џанфранко Прибетиќ. Хрватскиот репрезентативен пивот потпиша со ГРК Охрид до 2028 година. Сто деведесет и шест сантиметри високиот Прибетиќ доаѓа од Бундес лигата, има 25 години. Настапувал за Штутгарт и Нексе, како и за репрезентацијата на Хрватска.

Многу сум среќен и горд што потпишав за Охрид. Имам слушнато само убави зборови за клубот и за градот и ми претставува особена чест што сум тука. Се радувам на работата со нова екипа и нови предизвици кои не очекуваат во оваа полусезона и верувам дека ќе ги оствариме заедно со навивачите. Едвај чекам да започнат натпреварите и да се борам за целите на клубот. – изјави Прибетиќ.

На екипата вчера и се приклучи хрватскиот репрезентативец Анте Иванковиќ. Здравствениот билтен е одличен, екипата тренира под полна пареа.

Денеска ГРК Охрид ќе одигра пријателски натпревар со екипата на Врбас во 17ч.

Г.М.