Ракометарите на Охрид го совладаа актуелниот првак на Македонија Еурофарм Пелистер со 31:26 во финалето на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, што се одигреа вечерва во прекрасен амбиент во исполнетата спортска сала „Билјанини извори“.

ГРК Охрид го освои турнирот „Крсте Андоновски“. Фото: Анамарија Момироска I OhridNews

Двете екипи иако се во подготвителен период, одиграа одличен натпревар, со многу жар и борба за што беа наградени со громогласни аплаузи од публиката која уживаше во ракометната претстава. „Гладијаторите“ имаа водство во најголем дел од натпреварот, а на голот го имаа и одличниот Бојан Блажески кој беше прогласен за играч на финалето.

Блажески се најде и во идеалниот тим на турнирот заедно со уште двајца соиграчи, крилото Ѓукиќ и бекот Иванковиќ кој беше прогласен за најдобар играч на IV издание на Меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“.

Пехарот на победничката екипа и го врачи градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој е покровител на турнирот

Во Ол стар тимот на турнирот уште се и левото крило на Тримо Требње – Марко Мајсторовиќ, средниот бек на Еурофарм Пелистер – Павле Атанасијевиќ, неговиот соиграч Анжеј Видомски кој е прогласен за најдобар десен бек, дпивотот Илија Богдановиќ.

Најдобар стрелец на турнирот е десното крило на Партизан, Лазар Анѓелковиќ, кој постигна 26 погодоци.

Конечен пласман на Меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“

Ова е прв триумф на Охрид на турнирот што го организира заедно со Општина Охрид што, пак, е одлична најава за претстојната ракометна сезона.

Фото галерија:

 

Г.М.
Фото: А. Момироска