ГРК Охрид по одработување на првата фаза, подготовките за вториот дел од сезоната во ракометната Супер лига, во кој „Гладијаторите“ ќе настапат во плеј-офот, ги продолжуваат во соседна Грција, каде во наредните три дена ќе одиграат три контролни средби со екипите на: Дукас, Олимпијакос и Аек.

По враќањето од Грција екипата подготовките ќе ги продолжи во Србија каде ќе одигра уште шест средби со силни противници.
OhridNews











