„Гладијаторите“ вечерва во салата „Билјанини извори“ го надиграа белградски Партизан и сосема заслужено славеа победа 30:25.
Охрид одигра одлично во првото полувреме, во кое оствари предност од 7 гола. Партизан во средината на вториот дел целосно резултатски се врати во игра, но избраниците на Борис Ројевиќ покажаа карактер и со одлична игра во двата правци ја вратија убедливата предност која ја задржаа до крај.
Иванковиќ беше најефикасен во редовите на Охрид со 8 гола, а два помалку постигна Дарко Ѓуќиќ кој беше прогласен за МВП на натпреварот.
Статистика ГРК Охрид:
Чаневски, Стрмљан, Ојлески 2, Иванковиќ 8, Кукуловски, Вејин 2, Шипинкоски 1, Ристески, Тасески 4, О.Реј, Савревски, Јотиќ 1, Лијапис 4, Блажески, Бојаниќ, Петриќ 1, Цирар, Џукиќ 6.
Охрид во последното коло од групната фаза се среќава со Нексе и доколку забележи победа ќе игра во големото финале што на програмата е во сабота.
Претходно на турнирот денеска Нексе го совлада Киндил со 28:26, а Еурофарм Пелистер и Тримо Требње ремизираа 32:32.
Турнирот „Крсте Андоновски“ продолжува во четврток со три натпревари од групната фаза, а Охрид е слободен.
Распоред на натпревари 21.08.2025, четврток
16:30 Партизан – Киндил
18:45 Динамо Панчево – Тримо Требње
21:00 Еурофарм Пелистер – Вардар 1961
Г.М.
Фото: А. Момироска