Во рамки на 12-то коло од Супер Лигата, ГРК Охрид ќе гостува во Кавадарци кај РК Тиквеш кој го предводи охриѓанецот Горан Андоноски. Натпреварот ќе се одигра вечерва, 26-ти ноември, со почеток во 19:00 часот.

Десното крило Мице Шилегов со оптимистичен став  пред дербито на колото, вели дека натпреварот ќе го одлучат нијанси.

За нас како екипа денешниот натпревар против екипата на Тиквеш е многу значаен. Посветивме цела недела на интезивни тренинзи и видео анализа.  Нијанси ќе одлучуваат на натпреварот. Тиквеш е добра екипа, но ние ќе го дадаме максимумот и одиме на победа. Ќе се бориме за нови 3 бодови и за зацврстување на местото во Play Off фазата, истакна Шилегов.

Натпреварот ќе биде пренесуван во живо на националниот јавен сервис МРТ3.

OhridNews