Овој викенд на падините на планината Галичица беше одржано шестото издание на планинската ултрамаратонска трка Охрид Ултра-Треил. Настанот Охрид Ултра-Треил оваа година беше составен од 5 трки во планинско трчање кои започнуваа од различни локации од Националниот парк Галичица, а сите финишираа на градскиот плоштад во Охрид.

Најдолгата трка која го носи и името на настанот беше со старт и цел во Охрид, но ги минува ниските делови на Галичица до Свети Наум од каде остро се качува до највисоките делови на Стара Галичица – врвовите Кота Ф10 и Магаро. Од таму преку гребенот, тркачите движеа до карстните полиња на Галичица, до делот на Летница и Висок Врв па се до целната линија во Охрид.
Најбрзи ултра маратонци кои успеаја да ја минат оваа исклучително тешка делница беа Димитар Атанасов од Бугарија, кој заврши на третата позиција со време од 14:13:40, Јан Божиќ од Словенија заврши втор со време од 13:27:46 а победник беше Теодорос Зиакас од Грција – 12:34:38 – рекорд на стандарданта А – Патека. Во женска конкуренција трета беше Перин Фаж од Саудиска Арабија 21:25:19, втора заврши Седа Куртулду од Турција 20:53:43 а победник беше Ивана Ценериќ од Србија со време од 18:46:02

Трката Самотска Треил Маратон која започнува од Пештани имаше дури 106 финишери. Трет во машка конкуренција Златко Николов од Македонија со време од 04:24:56, втор Мајк Ван Дер Мерве од Јужна Африка со време од 04:16:35, а прв беше Димитар Илиев од Македонија со време од 04:10:54. Во женска категорија трета беше Магдалена Висоцка од Полска со време од 05:17:03, втора заврши Карин Глапиак од Шведска 05:12:31, а прва беше Николета Поповиќ од Србија 05:09:42.
На најкратката трка Летница Треил во должина од 22 километри која започна од Велгошти настапија вкупно 162 тркачи од кои најбрзи во машка категорија беа Тони Цветковски од Македонија 02:32:34, втор Христијан Насевски од Македонија 02:27:27 и прв Александар Кирковски од Македонија со време од 02:23:29. Кај жените на оваа трка трета беше Александра Танаскоска од Македонија 03:10:34, втора беше Мери Чкрипеска од Македонија 03:01:50, а прва заврши Снежана Ѓуриќ од Србија 02:54:44.

Охрид Ултра-Треил прерасна во препознатлив мултинационален спортски настан кој се одвива под отворено небо веќе шеста година за ред на кој учество земаат тркачи од Македонија и целиот свет. Оваа година организаторите – спортските здуженија Трекс од Скопје и Топ Адвенчрс од Охрид успеаја во склоп на настанот да организираат и спортски саем – Експо кое беше во времетраење од еден ден – 24.05.2024 во салата Билјанини Извори, информираат организаторите.
Успешно шесто издание на трката Охрид Ултра-Треил
OhridNews



























