На гостувањето во Норвешка македонската фудбалска селекција претрпе пораз од 2-0, што е четврти во серија без постигнат погодок. Но, поразот не загрижува толку, колку што загрижува црвениот картон на Бобан Грнчаров.


Македонскиот интернационалец во Бугарија по еден старт над противнички играч заработи жолт картон, но тој демонстративно продолжи да се расправа со судијата, кој без мислење му додели директен црвен картон. Грнчаров ја остави на цедило и така слабата репрезентација на Македонија, која во Осло настапи без неколку стандардни првотимци.


Исечокот од црвениот картон на Грнчаров почнува на 1.10.09. од видеото.

Мх.П.