На седница на Централниот одбор која според најавите треба да се одржи денеска, партијата на Стевче Јакимовски ќе одлучува за самостоен настап на претстојните претседателски избори, соопштуваат од Граѓанската опција за Македонија, пренесува „Макфакс“.

Од ГРОМ соопштуваат дека оваа најава дошла по одржувањето на Деветта седница од Извршниот одбор на раководството на Граѓанската опција на Македонија на која биле разгледани сите аспекти за настап на претстојните претседателски и евентуални предвремени парламентарни избори.

Од партијата соопштуваат дека предвидено е, доколку Централниот одбор на партијата донесе одлука за настап на изборите, да биде утврден и претседателскиот кандидат од редовите на ГРОМ кој ќе се вклучи во претседателската трка.

OhridNews
извор:„Макфакс“