Силно невреме проследено со пороен дожд и електрични празнења синоќа го зафати Скопје. Силината на невремето најдобро ја илустрираат овие фотографии од населбата Аеродром каде гром погоди дрво и го расцепи по целата должина.

Според вонредната прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи, следува период на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Утре и во недела нестабилно ќе биде на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава. Во сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе осетно спуштање на дневната температура. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник и вторник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат во поголемиот дел од земјава, информира УХМР Македонија.

Г.М.