Доделување три години пензиски стаж на жените-мајки за секое родено дете, жените да можат доброволно да одат во пензија на 55 години старост, за секој млад кадар до 29 години што ќе се врати и вработи во Македонија 30 % субвенција на плата за период од 2 години, се дел од мерките содржани во програмата на партијата ГРОМ, а кои се однесуваат на децата, младата популација и жените.
– За младите предлагаме 20 % субвенција на плата за период од 3 години за секој вработен млад високо образовен кадар, 40.000 работни места, а најниската плата за секој вработен да биде 15.000 денари. Во однос на учениците, се залагаме за намалување на обемот на наставните програми и учебниците за 30%, укинување на екстерно оценување како алатка за дисциплинирање на учесниците во образовниот процес, за намалување на број на ученици во паралелка на 24, да се набават наставни средства за унапредување на практична настава. Матурантите од средните училишта сведителствата и дипломите за завршено средно образование да ги добиваат најдоцна до 25 јуни. Уписот на новите студенти на универзитетите во Република Македонија да завршува најдоцна до 5 јули, а новата академска година да почнува на 1 октомври. За децата предвидуваме бесплатно здравствено осигурување за млади до 14 години, бесплатни ужинки и предвидени екскурзии за основниците, рече на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од ГРОМ, Сашо Робески.
Кандидатите за пратеници од ГРОМ, предводени од носителот на листа во 5- та ИЕ, Љупчо Настоски денеска се на средба со граѓаните во Дебар и Центар Жупа, каде ќе биде презентиран дел од програмата на партијата.
OhridNews