
-Токму затоа ГРОМ настојува на креирање работни места, поголем опфат на сите категории граѓани и зголемување на просечната плата. Притоа, најголем приоритет ќе им дадеме на младите кадри и тоа преку усогласување на системите за образование и обука со потребите на пазарот на трудот, подобрување на услугите на Агенцијата за вработување, подготовка за влез на пазарот на трудот, советување за кариерата за младите луѓе во раните фази на образованието, одредување минимална плата за млади од 15-16.000 денари и субвенции од 20%на платата за вработени високообразовани кадри. – рече Настоски.
Вработувањето е еден од клучните проблеми кои ГРОМ смета дека треба да се решат без никакво одложување. Но вработувањето ќе зависи и од низа други мерки и проекти кои Граѓанската опција за Македонија ги предвиде за реализација во својата изборна програма, додаде Настоски. Тој ги презентираше проектите неопходни за развој на Охрид, кои произлегле како резултат на спроведената партиска анкета. Со нив се предвидува искористување на туристичкиот потенцијал преку проекти за финансирање од ЕУ програмите, привлекување странски ланци на хотели, изградба на аква парк, ски-центар на Галичица и друго.
Сметаме и тврдиме дека спроведувањето на овие проекти е клучот за раздвижување на охридската економија и отварање можности за вработување на сите категории на граѓани.-истакна Настоски.
OhridNews











