Поранешниот репрезентативец Влатко Грозданоски е нов играч на Работнички.Тој доаѓа од екипата на Дамаш од Иран и потпиша едногодишен договор со Работнички.


– Работнички има квалитетен и млад тим во кој што има доста талентирани играчи на кои дојдов да им помогнам да оствариме што поглем успех во Лигата на Европа и во домашното првенство. Ќе дадам се од себе да се вратам во старата форма и една од најголемите желби ми е повторно да се вратам во репрезентацијата““ изјави Грозданоски на промоцијата кој досега има 48 настапи за репрезентацијата на Македонија и 4 постигнати голови.

Во текот на овие мини-подготовки Работнички 5 дена ќе престојува во Белград, каде што ќе одигра пријателски натпревари со Партизан (20 јуни) и Рад (24 јуни). По заминувањето на досегашниот капитен Никола Глигоров во Кипар, за нов капитен на екипата е назначен Борче Маневски.

Ohridnews
Фото rabotnicki.com