АК Охрид успешно настапи на сениорскиот Куп на Македонија изминатиот викенд во Скопје.
Јован Стојоски освои две први места во неговата дисциплина 400м со пречки, додека на вториот натпреварувачки ден освои прво место на 200м со одличен резултат од 21.54 секунди.
На крајот на првиот натпреварувачки ден АК Охрид настапи и во штафета 4х100м и го освои четвртотото место.
Стефан Стефаноски го освои првото место во фрлање диск, додека Блаже Љушев имаше солиден настап во скокачките дисциплини далечина и трискок, додека во трката на 110м со пречки го освои второто место.
Г.М.