На натпреварот учество зедоа Јован Јованоски и Петар Упевчески во категоријата кадети на патеката Прилеп – Витолиште во должина од 56км. Оваа патека традиционално се вози веќе петта година и носи статус на најтешка делница. Во категоријата на кадети со традиционалниот трофеј МАРИОВО и златниот медал се заќити Јован Јованоски, а Петар Упевчески успеа да се избори за петтато место.
По падините на планината Шар Планина поточно во месноста Попова Шапка се одржа Државниот Натпревар во Планински Велосипедизам ХС Попова Шапка ‘12. Ова е втор пат да се оржува натпревар во планинкси велосипедизам категоријата ХС на овој терен кој е единствен во Македонија каде динамичната со екстремни спустови и препреки, напорна со екстремни нагорнини од преку 25%, имате можност да ја следите патеката во целост од едно место.
Одличната подготвеност на велосипедистите од Екодром, уште еднаш само се потврди со високо постигнатите резултати. Од вкупно 14 велосипедисти кои се појавија на стартната рамнина во дресот на Екодром – Дивела, во 5 категории 9 од нив се заќитија со медал: 2 златни, 4 сребрени и 3 бронзени според категории:
Злато : Јован Јованоски – кадети
Филип Петрески – Хоби
Сребро: Бленди Троци – сениори
Андреј Хаџи Василев – јуниори
Петар Упевчески – кадети
Сара Пешликоска – жени
Бронза: Кристијан Николоски – јуниори
Иво Србакоски – хоби
Настасја Краљевски – жени
Следниот викенд како состав на Македонската репрезентација четворица членови на Екодром, ќе ги бранат боите на дресот на престојниот Балкански Шампионат кој ќе се одржи во Истанбул – Турција.