Македонката Тамара Трајковски имаше успешен настап на на традиционалниот, дванаесетти по ред меѓународен натпревар во пливање “Vienna International Longcours Championship”, што се одржа викендов во 50-метарскиот базен на Пратер во Виена, Австрија.

На натпреварот учествуваа пливачи од повеќе клубови од Австрија, Унгарија, Словачка, Полска, Романија, Грузија и др. Тамара на 3 дневниот турнир пливаше во прелиминарните трки во отворена класа на 50, 100 и 200 грбно, 50, 100 и 200 пеперутка, 50, 200 и 400 краул и 200, 400 мешано како и во штафетата 4х100 мешано. Со постигнатите времиња два пати пливаше во Б-финалињата на 200 грбно и 200 пеперутка во отворена класа. Во ранг на нејзината младинска класа год.2000-2001 Тамара се закити со вкупно 8 медали од кои 3 златни и 5 бронзени. На турнирот учество зеде и нејзината помлада сестра Теодора која постигна завидни резултати освојувајќи 1 златен медал во штафетата 4х50 мешано.

Следен настап за Тамара е младинското државно првенство на Австрија кое ќе се одржи од 24-27 јули во Капфемберг-Австрија, за кое веќе од наредните денови ја чекаат напорни подготовки со својот клуб. 

OhridNews