Со затоплувањето на времето, се поголем е бројот на гостите од соседството кои се одлучуваат деновите од викендот да ги поминат во Охрид.

Освен гости од Бугарија, Албанија и Србија, деновиве можат да се забележат и туристи од соседна Грција.

Поголема група гости од Грција, викендов забележа и објективот на OhridNews. По прошетката низ стариот дел од градот и посетата на културно- историските споменици, тие веејќи знаменце на Република Грција поминаа покрај Кејот на езерото, по што со автобуси си заминаа од Охрид.

OhridNews