Шефот на грчката дипломатија Ставрос Ламбринидис на средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, деновиве, ги повторил грчките црвени линии во спорот, јавува „Макфакс“.

Ламринидис рекол дека име со географска одредница за секупна употреба е позицијата зад која стои Атина.

„Нормално, го покренав прашањето. Ја изразив грчката подготвеност и сериозниот пристап во процесот и позицијата за име со географска одредница и негова употреба во односите со сите. Исто така ја изразив мојата желба другата страна, исто така, да ја прикаже својата внимателност и потребна сериозност ако навистина сака, како нас, да види дека нејзината евроатланска перпектива вродува со плод и да видиме дали сака односите меѓу нашите два народа да бидат позивитни како што сакаме и ние“, изјави Ламринидис.

Исто така, во рамки на престојот во Њујорк, Ламринидис се сретнал и со медијаторот во македонско-грчкиот спор, Метју Нимиц.

OhridNews