Народот за летен одмор ги преферира топлите песочни плажи во Грција и Турција, за дел сеуште број еден летна дестинација е „Наше Море“, а Албанија се почесто е избор за одмор.

На анкетното прашање на OhridNews: Која е вашата туристичка дестинација ова лето? – 19 % одговориле дека тоа е Гриција, 18% Турција, 13% ја избраа Албанија, а исто толку Јадранско Море, за Бугарија се решиле 3%, додека високи 34% одговорија дека ова лето ќе одмараат на други места.

Во анкетата беа вклучени 1013 читатели.

OhridNews