На повидок е нов скандал, овој пат можеби и најголем од сите, а е поврзан со местење на фудбалски натпревари.

Според изјава на поранешен функционер на ФИФА, на Светското првенство во 2010 година еден натпревар бил наместен. Во интервју за „Channel 4 News“, Крис Итон, поранешен шеф за безбедност во ФИФА, откри дека мечот Нигерија-Грција на Мундијалот во Јужна Африка бил наместен.

Мечот е одигран во рамките на Б групата, Грција победи со пресврт со 2:1. Претходно при водство на Нигерија од 1:0, црвен картон поради удирање на противнички играч доби Нигериецот Сани Кеита.

ФИФА засега негира дека некој меч од СП во 2010 година е под истрга, а „Channel 4 News“, не може да стапи во контакт со Кеита или со неговиот менаџер.

“макфакс“
Ohridnews