Со оглед дека на Балканот не ретко се мешаат спортот и политиката,
многумина Грци на претстојниот четврфинален меч против Германија гледаат
можност за реванш за ригорозните мерки на штедење, кои ги воведе ЕУ,
предводена од германската канцеларка Ангела Меркел.

Сепак, репрезентативците на Грција во своите изјави настојуваат да ги
одбегнат политичките теми и искажуваат почит кон селекцијата на
Германија, но наведуваат дека не стравуваат од „панцирите“.

„Овде зборуваме за спортот. Сакаме само да им донесеме голема радост на
нашите навивачи и на татковината. Не е важно што долго не сме ја
совладале Германија, традицијата постои за да биде урната“, изјави Јанис
Манијатис.

Тој очекува дека неговата репрезентација против Германците ќе одигра храбро како и против Русија.

„Ќе ги погледнеме Германците директно во очи и нема да се уплашиме, иако
се фаворите. Се игра само еден натпревар и се е можно“, смета
Манијатис.

Фудбалерот на атински АЕК, Григорис Макос на мечот во петок ќе го замени
стандардниот Јоргос Карагунис, кој е суспендиран поради два жолти
картони.

„За нас е важно да влеземе опуштено во мечот. Може да ни помогне тоа што
многу наши репрезентативци имаат настапувано во Германија“, вели Макос

“макфакс“
Ohridnews