Викендов низ Охрид можеа да се забележат повеќе групи туристи од  Грција, кои вообичаено најмногу ги има на пролет, особено пред големиот празник Велигден.


Грците кои се редовни гости во Охрид по познатите случувања на НАТО самитот во Букурешт кога Македонија не доби покана за членство и негативната атмосфера што се создаде во јавноста, извесен период не доаѓаа во земјава, но сега полека  се враќа довербата помеѓу граѓаните од двете држави. Тоа придонесе грчките туристи повторно организирано да почнат да доаѓаат во Охрид, кој е нивна омилена дестинација на Балканот.


Грчките туристи најмногу ги посетуваат верските храмови и другите знаменитости во стариот дел на градот, а неодминлив дел им е и шопинг турата низ охридската чаршија.

OhridNews
фото: Васко Бујароски