Еден од противнците на Македонија во групната фаза на Евробаскетот, Грција на континенталниот собир ќе допатува со најјакиот и најквалитетниот состав.


Селекцијата на Грција е сочинета со искусни кошаркари кои се предводници во екипите каде играат и се вбројуваат во најтесниот круг на фаворити за освојување на титулата.

Противници на „црвено жолтите“ покрај грците се репрезентациите на Хрватска, Словенија, Грузија и Холандија.

Составот : Никос Зизис (Бамберг), Јанис Бурусис (без клуба), Василис Спанулис (Олимпијакос), Костас Кајмакоглу (Уникс), Јоргос Принтезис (Олимпијакос), Ник Калатес (Панатинаикос), Костас Папаниколау (Денвер), Костас Слукас (Фенербахче), Стратос Перпероглу (Барселона), Коста Куфос (Сакраменто), Вангелис Манцарис (Олимпијакос) и Јанис Адетокумбо (Милвоки).

Мх.П.