Атлетичарот Игор Јакимоски остана без бронзениот медал во дисциплината 1 500 метри на Балканското првенство за ветарани во Белград поради кардинален пропуст на Атлетската федерација на Македонија (АФМ).

Чудно, но вистинито АФМ не пристапила кон приклучување во Балканската федерација за ветерани, а грците го злоупотребија пропустот и го „истуркаа“ својот атлетичар Константинидс Чараламбос на третата позиција.

– Успеав во мојата цел да освојам медал, а на крајно неспортски начин ми беше одземен. Домаќините попуштија под притисокот од грците и мене ме префрлија надвор од конкуренција и моето заслужено место го доби грчкиот атлетичар. – изјави Игор Јакимоски.

Делницата од 1 500 метри македонскиот атлетичар ја помина за 4 минути, 29 секунди и 54 стотинки, додека првопласираниот Заим Шуман од Босна и Херцеговина истрча со време од 4.26.44.

OhridNews