
Како што се вели во соопштението од македонската влада, добрососедството треба да се надградува и дефинира како искреност и посветеност во реализацијата на практичните дела.
Инаку, Борисов во текот на вчерашниот ден ја посети земјава, остварувајќи неформална средба со премиерот Никола Груевки. двете земји од неодамна ги започнаа разговорите околу новиот документ за добрососедство, откако бугарските власти тоа го побараа преку писмо од бугарскиот шеф на дипломатијата Младенов. Првичните резултати од разговорите, ќе бидат обелоденати за неколку недели.
OhridNews












