И покрај очигледниот блеф на лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски, предвремени избори во Македонија ќе има, изјави денеска премиерот и претседател на владејачката ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

Според него оставката на претседателот на Државната изборна комисија Александар Новаковски е  направена под притисок од лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, но тоа нема многу да ја промени ситуацијата и избори ќе има.

-Притисокот доаѓал директно од Бранко Црвенковски. Можеме да замислиме каков бил, кога станува збор за Бранко Црвенковски. Но тоа нема многу да ја промени ситуацијата. Тој можеби купи 15-20 дена со изнудување оставка на претседателот на ДИК, кој очигледно даде изјава која беше спротивна на изјавите на СДСМ, изјави за медиумите премиерот Груевски кој денеска присуствуваше на доделувањето стипендии на студенти по информатика.

ОhridNews