
„Не е точно дека сме само ние во Владата, ние и СДСМ. Од она што го знам отворени се местата на ДУИ и таа партија не е замината од власта и може да назначи нови кадри оти има право на замена на тие кои се повлекоа,“ изјави Груевски коментирајќи на новата ситуација во Владата.
Министрите и замениците на Али Ахмети вчера ја напуштија Владата и нивното понатаможно однесување е во рацете на лидерот на партијата, односно нему му е оставена конечната одлука како да постапи партијата.
Оставките на функционерите на ДУИ се очекува в понеделник да се најдат на дневен ред на редовната пленарна седница во Собранието. Министрите и замениици министри вчера во Владата ги доставија своите оставки, по оддржаната седница на претседателство на управниот одбор на партијата.
Во писменото соопштение вчера беше наведено дека ДУИ не е причина за кризата, но е гласот на разумот и жртва на девалвација на пржинскиот процес, без при тоа да ги објаснат конкретните причини за нивната одлука.
OhridNews
Извор:„Радио Слободна Европа“











