Доколку на Бранко Црвенковски му е потребно некои излезно решени за бојкотот на локалните избори во март што го најави, премиерот Никола Груевски вели дека е подготвен да свика лидерска средба, но додаде дека постојат информации дека опозициската СДСМ активно се подготвува за изборите, пренесува „Макфакс“.

Премиерот и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во неделата одговарајќи на новинарски прашања околу актуелната политичка криза во земјата предизвикана со излегувањето од Собранието на опозициската коалиција предводена од СДСМ и поставувањето услови под закана за бојкот на претстојните редовни мартовски локални избори, рече дека оти смета дека лидерот на социјалдеморкатите Бранко Црвенковски е многу изолиран во своите намери за бојкот.

„Доколку во еден даден момент на господинот Црвенковски му е потребно излезно решение од ситуацијата во којашто влезе, ако почувствуваме каква и да е потреба за средба меѓу нас, јас нема да се двоумам и ќе повлечам чекор во тој правец“, рече при посетата на двете нови лаборатории на Природно математичкиот факултет во Скопје.

Нагалси дека комитетите од ВМРО-ДПМНЕ коишто се активни на теренот добиваат информации дека локалните партиски одбори на СДСМ активно работат на подготовката за локалните избори, како и дека претставници на партиското раководство им укажувале дека СДСМ ќе учествува на локалните избори.

„Тоа, од  една страна, говори дека господинот Црвенковски е многу изолиран во неговите намери да го отстрани СДСМ од учество на локалните избори, веројатно придружуван од  два-тројца луѓе од раковдоството. Другите луѓе од раковдството одат на терен и ги информираат нивните комитети да се подготвуваат и да работат затоа што тие цврсто веруваат дека СДСМ ќе учествува  на локалните избори“, заклучи Груевски.

OhridNews
извор:„Макфакс“