Премиерот Никола Груевски, кој во рамки на својата посета на Аргентина, учествуваше на бизнис форумот и оствари средба со раководниот менаџмент на Индустриската унија на Аргентина,  ги покани аргентинските компании да ја посетат Македонија и изворно да се запознаат со поволностите кои нашата земја им ги нуди на странските инвеститори.

– Вие можете да остварите посета на Македонија, и не од нас, туку од странските инвеститори кои се веќе лоцирани и работат во мојата земја, да побарате информации околу поволностите кои ги нудиме за водењето бизнис. На ова ќе го надоврзам и фактот што некои од нив покрај еден отворен капацитет веќе отвораат и втор капацитет во Македонија, а тоа е најдобар доказ дека ја имаат нашата поддршка, истакна премиерот Груевски пред претставниците на аргетинксите компании.

Индустриската унија на Аргентина е најмоќната и најголема аргентинска еснафска организација од областа на бизнисот, во чие членство се наоѓаат претставници на сите индустриски и економски гранки, и чии членки се и големи мултинационални компании.

OhridNews