Премиерот Никола Груевски во интервју за Тв Сител, денеска, го повика лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски на изборно соочување. Тој му порача на Црвенковски да се врати во Собранието за да се подготви Изборниот законик по што би следело распишување на предвремени парламентарни избори.

– Во услови кога СДСМ прави штета во државата ,тогаш се повлекувам од мојот став од декември и го повикувам Бранко Црвенковски утре да дојде во парламентот, да го изгласаме законот за избори и да се распишат избори –изјави премиеорт Груевски.


Груевски го повика Црвенковски на избори

Пратеникот Јани Макрадули кој беше гостин во дневникот на А1 вечерва, изјави дека СДСМ утре ќе излезе со став во врска со предлогот на власта, додавајќи дека неговата партија е подготвена да го порази Груевски на избори кога тие ќе бидат закажани.

Гостин во дневникот на А1 беше и пратеникот од опозициската ЛДП, Андреј Жерновски, кој истакна дека треба што поскоро да се случат предвремени избори.

OhridNews