За премиерот Никола Груевски лепењето на налепниците на регистарските таблички на автомобилите на македонските граѓани кои влегуваат во Грција е дрско и недостоинствено, но остави на граѓаните да проценат како ќе се однесуваат.

„Не ме изненадува Грците да почнат да им лепат на чело на нашите граѓани по една таква налепница. Секој ќе си постапи според своите мерила, според размислувањата и достоинството“, рече Груевски.

Тој вели дека упатиле протестна нота до Грција, но и било одговорено дека тоа е дел од Спогодбата од 1995 година потпишана од СДСМ во тоа време.

OhridNews
извор:„Макфакс“