Како што соопшти по посетата, портпаролот на Општа болница, д- р Сашо Василески, премиерот и министерот за здравство од страна на директорот на Општа болница, Љубен Арнаудов биле информирани дека реконструкцијата тече според предвиденото и дека нема да трае подолго од планираните 16 месеци за изведување на градежните зафати, односно 1- ви март 2012.
Василески уште еднаш потенцира дека по реконструкцијата Охрид ќе добие современ Регионален здравствен центар.
Активностите за реконструкција на болницата започнаа на 1- ви септември 2010, согласно договорот меѓу Владата како инвеститор и Европската унија, која преку кредит го финансира проектот.