И понатаму нема информации каде е поранешниот премиер Никола Груевски по кој трага полицијата за да го спроведе на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

Полицијата продолжува да постапува по распишаната потерница. Вчеравечер, во неколку наврати се обиде да го најде Груевски во неговиот дом, но без успех. Се пребаруваше и Белата палата, како и сите возила кои излегуваа од паркингот на објектот.

Адвокатот на Груевски, Димитар Дангов вчера изјави дека нема сознание каде се наоѓа неговиот клиент. Тој вели дека Груевски нема право на жалба до Врховен суд за одлуката од Кривичен.