
Тие проблеми, за жал, додава Груевски, може да и’ нанесат штета и на Македонија, со отсуство на опозицијата од парламентот, со стимулирање деструктивни потези.
На ова реагираа од СДСМ од каде обвинија дека за нивните преземени чекори не е никој друг виновен освен спроведените „криминални“ предвремени парламентарни и претседателски избори со која ВМРО-ДПМНЕ ја понижило волјата на граѓаните.
Според СДСМ, Груевски не ги разбирал или не сака да ги разбере пораките од ОБСЕ/ОДИХР, од еврокомесарот Филе, последно и од канцеларката Меркел со кои се бара и независно судство, и слободни медиуми и демократија.
OhridNews
извор: „Макфакс“












