Груевски и Заев упатија честитки по повод Велигден
30.04.16 14:30
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати честитки по повод Големиот Православен празник Велигден.
-Да се помолиме на нашиот милостив Бог и да му се заблагодариме на неговата закрила кон нас луѓето. Исус го презеде гревот човечки и за навек го задолжи човештвото да размислува и да го разликува доброто од злото, го задолжи секој поединец да размислува со љубов, да сака со срце, да прави добри дела и да се покае за грешките. Да се заблагодариме на Бога за неговата милост и со радост да ја примиме веста за воскресението Христово. Да се помолиме на Бог и да си посакаме и во иднина да биде блиску до нас, до нашиот народ, до нашата татковина. Нашиот народ низ годините има поминато многу тешкотии и искушенија, успеал да преброди многу грешни човекови дејанија. Нашиот Бог и вера биле отсекогаш со нас да нè поткрепат и утешат кога било потребно. Токму затоа, да бидеме благодарни, да се радуваме на Велигден и да си посакаме божја поткрепа и во иднина. Нека Бог нè чува и биде со Македонија, да си го зачуваме она што е наше и она што нам ни припаѓа. Нека Бог ни помогне во сите искушенија, нека го зацврсти единството помеѓу народот, нека ја умножи љубовта и нека го одврати секој оној кој крева рака врз другиот. Нека нè избави од насилство и неред, нека нè потхрани со мир и спокој, напиша меѓу другото Груевски.
По повод празникот честитка до верниците од православна вероисповед упати и претседателот на СДСМ Зоран Заев.
-Во миговите на искушенија, предизвици, премрежја и заедничко доживување на нашата „општествена Голгота“, време е да им се поклониме на нашите традиционални духовни вредности, кои се највредното наследство добиено од нашите предци. Време е да ги разбудиме верата, надежта и љубовта и да ги отвориме портите на нашите срца и души за богољубие и човекољубие. Христовото Воскресение, најголемото чудо од сите чудеса на овој свет, нека ни ги осветли патиштата што од нашите домашни прагови водат до божјите храмови, за да ја чуеме радосната вест од Христовите служители. Таа вест повторно ќе не потсети, која е смислата на нашата вера и постоење. Велигден, тој празник над празниците, нека донесе во сите Ваши домови и семејства здравје, среќа, радост, благосостојба и хармонија, и нека ни ја прочисти љубовта кон Севишниот. Да си посакаме сите, Христовото Воскресение да ни ги воскресне насмевките, да ни ја воскресне надежта во поубаво утре и да ни го воскресне нашиот заеднички слободарски дом, домот на вредните и праведните, напиша Заев во честитката.
ЈП Водовод Охрид најавуваат прекин во водоснабдувањето во текот на утрешниот ден и кај корисниците на улицата „Вис“ Поради извршување на поголема интервенција на водоводната мрежа утре од 08:00 час...
Општина Охрид објави Јавен повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина О...
На 04112025 околу 15:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во атарот на сОровник, општина Дебрца, патничко возило „смарт“ со охридски регистарски ознаки, управув...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.