Името на државата е на народот и само тој може да донесе одлука за ова прашање, истакна премиерот Никола Груевски на промоцијата на кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО ДПМНЕ, Коце Трајановски.

„Сега во последно време гледам дека го враќаат во игра името. Ја вадат темата повторно. Откако со насилство и со бојкот им завршија голема работа на оние кои ја попречуваат Македонија во европските интеграции и тоа не им е доволно сега пак почнаа да шпекулираат со името. Сакам да му кажам на Бранко, еднаш сум кажал, два пати сум кажал, безброј пати сум кажал, тоа го има и во нашата програма: Името е на државата! Името е на народот! Народот може само да одлучува за името и тоа на јавно распишан организиран референдум. Народот може само да одлучи дали и кога и како би се менувало или нема да се менува.

Неможе Бранко да очекува од мене дека јас како него, како што тој направи пред дваесет години кога во договор во четири очи тајно и конспиративно го промени името и потоа викаше дека тоа ќе било за само два месеци, а после се ќе се вратело по старо. Не се чепкај Бранко за името, народот памети и народот одлучува.“ – рече Груевски.

OhridNews