Премиерот Никола Груевски смета дека последните меѓуетнички инциденти во Македонија ги предизвикуваат партиски мотивирани лица од опозицијата, со цел да извлечат корист за себе.

-Најновите сквернавења на верски објекти според она што јас можам да го проценам се дефинитивно плод на партиски мотивирани лица од опозицијата кои не гледаат друг начин како да ги освојат симпатиите на граѓаните, туку одат на картата дека доколку го компромитираат работењето на сегашните владејачки партии преку создавање конфликти во општеството, ќе ги привлечат симпатиите кај граѓаните и дека тие ќе се разочараат во владејачките партии и ќе се свртат кон одредени опозициски партии, изјави вчера во Скопје премиерот Груевски.

Тој смета дека таквите обиди се безуспешни и нема да доведат до конфликти, затоа што  бргу се разоткриваат и не добиваат поддршка од граѓаните.

OhridNews