Премиерот Никола Груевски попладнево соопшти дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 5 јуни.

– Јас, ама и ти Бранко, знаеме дека граѓаните на овие избори ќе одберат напредок, наместо традиција“, изјави  Груевски .

Согласно Уставот и законите ВМРО – ДПМНЕ до собранието ќе достави одлука за распуштање на овој парламентарен состав и предлагаат избори да има на 5-ти јуни.

Прес конференцијата на Премиерот следува по прес конференцијата на лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски кој соопшти дека се откажуваат од сите нивни барања и услови и дека ќе учествуваат на изборите.

OhridNews
извор: Makfaks