Премиерот Никола Груевски, кој викендов престојува во Охрид, денеска ја посети Општата болница, каде во тек е реконструкција на старото болничко крило.




Груевски го посети Одделението за комјутерска томографија, при што се запозна со условите за работа. Вработените го информираа за бројот на извршените снимања, како и за проблемите со недостаток на стручен персонал и потребата од специјализација.


Премиерот во придружба на раководството на болницата, го разгледа објектот каде во тек се градежни работи кои ги изведува вевчанската фирма „ВИА“. Тој се информираше за текот на работите, кои според сегашната динамика ќе бидат завршени пред предвидениот рок, декември оваа година. Со преземените зафати охридската општа болница ќе добие 5300 метри квадратни корисна површина, наменета за хируршкото оддление, урологија, гинекологија и уво грло и нос, кои според најавите ќе добијат најсовремена медицинска опрема.
Г.М.