
Канцеларијата на претседателот на Владата ја информира јавноста дека при спортска активност – џогинг (спринт) во близина на неговото место на живеење премиерот Никола Груевски го повредил горниот дел на левата нога, поточно адукторната регија.
Преземени се сите дијагностички и терапевтски процедури за ваквиот вид на повреда, препорачана е медикаментозна терапија и рехабилитација со намалување на физичките и спортски активности.
Се очекува повредата да биде санирана во период до три недели по препорачаната терапија, а во меѓувреме премиерот Груевски ќе ги редуцира своите активности, се вели во соопштението.
OhridNews












