
– Наредната година следат локалните избори. Дозволете во оваа прилика да ви кажам нешто што за многумина нема да е новост ниту изненадување. Ќе победиме и тоа со сериозна разлика. Јас сум убеден во тоа. Затоа што сум убеден дека граѓаните го ценат ова што го правиме, рече Греувски.
На роденденот на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа актуелни функционери на партијата, парламентарци, истакнати членови, претставници на политички партии и бројни гости меѓу кои беше и индискиот мултимилијардер Субрата Рој.











