Изборната програма на кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески, ќе биде промовирана денеска во 18.30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Како што е најавено, на промоцијата ќе порисуствува претседателот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Никола Груевски, кој се очекува да има свое обраќање пред охриѓани.

Мотото на владејачката партија со кое таа ќе настапи на претстојните локални избори во Охрид е „Нови дела  за нов напредок, нови дела за подобар Охрид“.

OhridNews