Македонскиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска изјави дека власта ќе се труди да отпочне дијалог со опозицијата и дека не размислува за предвремени избори, пренесува „Макфакс“.

Дијалогот со опозицијата ќе се трудиме да отпочне, како што се трудевме и досега, и ќе продолжиме со тие напори. Ќе се трудиме да отпочне и да биде на принципиелна основа, како што тоа досега го правевме, рече Груевски.

Притоа тој истакна дека нема да биде дозволено граѓаните и нивната слободна воља да бидат уценувани или да бидат создадени преседани.

Никако нема да дозволиме граѓаните и нивната слободно изразена волја да бидат уценувани или да се создаваат преседани кои понатаму ќе воведат лоши практики и ќе срушат смислата на слободно дадениот глас и поддршка на некоја политичка опција, рече Груевски.

Пдговарајќи на новинарско прашање околу можноста за предвремени избори, Груевски изјави „не размилсувамне за предвремени избори. Размислуваме за изборите во 2018 година“.

OhridNews
Извор:„Макфакс“