Притоа, премиерот Груевски му изразил срдечни честитки и силна благодарност на селекторот Докузовски за огромниот успех што македонските кошаркари го постигнаа со пласманот во полуфиналето на Европското првенство во кошарка во Литванија.
Премиерот ја искористи можноста да им посака успех и да ги охрабри македонските кошаркари да продолжат со одличната и пожртвувана игра и во следните натпревари, игра која ги јакне духот и националната гордост на сите македонски граѓани.
Македонската репрезентација синоќа ја совлада Литванија, со што се пласираше во полуфиналето од шампионатот, во коешто во петок попладне ќе игра против големиот фаворит Шпанија.
извор:„Макфакс“