Се очекува главна тема на разговорите да биде решавањето на долгогодишниот билатерален спор за името со Грција, евроатлантските перспективи на земјата, како и актуелните случувања во земјата.
Во македонската делегација покрај Груевски се и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, амбасадорот Зоран Јолевски и Мартин Протогер, шеф на Кабинетот на македонскиот премиер.